Согласно Член 126 од Законот за игрите на среќа и забавните игри,
Трговското друштво за трговија, производство и услуги Гранд-Експорт ДООЕЛ Скопје
ги донесе следните:
ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА
„СЕКОЈА КЕСИЧКА ДОБИВА‟
Член 1
ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Официјално име на наградната игра е „СЕКОЈА КЕСИЧКА ДОБИВА‟
Член 2
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Нaградната игра ќе трае во период од 03.06.2019 година до 03.08.2019 година.
Член 3
ЦЕЛ НА НАГРАДНАТА ИГРА/ОРГАНИЗАТОР
3.1 Целта на оваа наградна игра е рекламирање на производите на Марбо Продукт Србија кои ги дистрибуира Гранд – Експорт ДООЕЛ увоз-извоз Скопје ул. Борис Трајковски бр. 194А кои се продаваат на територијата на Р. Северна Македонија.
3.2 Организатор на наградната игра „СЕКОЈА КЕСИЧКА ДОБИВА‟ е Гранд – Експорт ДООЕЛ увоз-извоз Скопје ул. Борис Трајковски бр. 194А (во понатамошниот текст Организатор).
Член 4
ТЕРИТОРИЈА НА КОЈА СЕ ПРИРЕДУВА НАГРАДНАТА ИГРА
4.1 Наградната игра ќе се организира и спроведува на целата територија на Република Северна Македонија во објектите за трговија на мало.
Член 5
ПРОИЗВОДИ КОИ УЧЕВСТВУВААТ ВО НАГРАДНАТА ИГРА
5.1 Во наградната игра ќе учевствуваат следните производи кои ќе бидат обележани со банер лента (во понатамошниот текст Промотивни Чипси пакувања):
• Чипси солен 80гр.
• Чипси солен 150гр.
• Чипси солен ребраст 80гр.
• Чипси солен ребраст 150гр.
• Чипси ребраст чили 80гр.
• Чипси ребраст чили 150гр.
• Чипси ребраст пиперка 150гр.
• Чипси лута пиперка 80гр.
• Чипси домаќински кајмак 180гр.
• Чипси домаќински фета 180гр.
• Чипси стапчиња кечап 80гр.
• Чипси солен 250гр.
• Чипси ребраст чили 250гр.
Член 6
ОПИС НА НАГРАДНАТА ИГРА, ОПИС И СОДРЖИНА НА ПОТВРДАТА ВРЗ ЧИЈА ОСНОВА СЕ СТЕКНУВА УЧЕВСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА, УСЛОВИ ЗА УЧЕВСТВО
6.1 Учесник во наградната игра е секое лице кое ќе купи Промотивно Чипси пакување обележано со банер лента на која пишува ‟Секоја кесичка е добитна – Гратис Пепси 500мл.„ во периодот на времетраење на наградната игра од 27.08.2018 година до 22.10.2018 година.
6.2 Во секое Промотивно Чипси пакување ќе има купон на кој е напишан следниот текст „Честитаме добивте Пепси од 500мл.‟
6.3 Носителот на купонот може да го замени купонот за Пепси од 500мл. секој ден во текот на траењето на наградната игра во точно определени продажни објекти кои ќе учевствуваат во промоцијата. Објектите во кои ќе може да се замени купонот со Пепси од 500мл. ќе бидат објавени на интернет страницата www.grand-eksport.com.mk, а истите тие објекти ќе бидат обележани и со посебни печатени CHIPSY материјали (постери, воблери, картонски кутии).
6.4 Не постои никакво ограничување на количината од Промотивни Чипси пакувања, која секој учесник ќе ја купи.
Член 7
МЕСТО, ВРЕМЕ, НАЧИН И ПОСТАПКА ПРИ ПОДИГАЊЕТО НА НАГРАДАТА
7.1 Во наградната игра ќе учевствуваат сите купони од Промотивните Чипси пакувања за време на периодот од 03.06.2019 година до 03.08.2019 година.
7.2 Замена на купонот за Пепси од 500мл. ќе се врши во точно определените продажни места чија листа ќе биде објавена на интернет страницата www.grand-eksport.com.mk. Замената може да се изврши најдоцна до 03.08.2019 година.
7.3 Листата на продажните објекти каде ќе се врши замена на купоните за Пепси од 500мл. е со променлив карактер и истата ќе биде редовно ажурирана на интернет страницата www.grand-eksport.com.mk во времетраењето на наградната игра.
7.4 Замена на купоните ќе се врши рачно од страна на претставници одредени од Организаторот.
7.5 При преземањето на Пепси од 500мл. одговорното лице од однапред утврденото продажно место, го задржува купонот крај себе.
7.6 При превземањето на Пепси од 500мл. носителот на купонот е должен да пополни образец во кој ќе ги наведе своите лични податоци (име, презиме и адреса на живеење).
7.7 Еден ист купон не е возможно да се употреби за превземање дополнителен Пепси од 500мл.
7.8 Еден купон дава право само на еден Пепси од 500мл, но во текот на наградната игра не постои ограничување на бројот на купони кои едно лице ќе може да ги оствари во текот на наградната игра и во склад на овие правила.
7.9 Во случај да некој од објектите нема доволна количина од Пепси од 500мл., носителот на купонот може да го замени купонот за Пепси од 500мл. во кој било друг продажен објект назначен на листата на продажни објекти каде се врши размената во наградната игра.
7.10 По завршувањето на наградната игра носителот на купонот нема право да го замени истиот за Пепси од 500мл. Доколку не се замени купонот за Пепси од 500мл. во времетраењето на наградната игра престануваат понатамошните обврски на Организаторот кон носителот на купонот.
7.11 Учесниците во наградната игра немаат право да бараат награди во поголема вредност или од различен вид од назначените во правилата од страна на Организаторот. Организаторот не подлежи на никаква одговорност за задоцнети или изгубени учевства.
7.12 Оштетените купони нема да можат да се заменат за бесплатен Пепси од 500мл. Носителот на купонот има одговорност да го зачува купонот неоштетен т.е. Организаторот нема никаква одговорност во случај на оштетување на купонот, при што истиот нема да може да биде заменет за Пепси од 500мл.
7.13 Организаторот не е одговорен за рекламации во врска со Пепси од 500мл. бидејќи не е одговорен за производството, презентацијата и складирањето на Пепси од 500мл.
7.14 Замена на наградите со други награди, со парична или друга противвредност не е дозволена. Организаторот не се обврзува да понуди друг тип на награда во истата вредност на планираните награди.
Член 8
НАЧИН НА ОБЈАВУВАЊЕ НА ДОБИТНИЦИТЕ
8.1 Добитниците на наградите ќе бидат објавени во рок од 3 (три) дена од денот на завршувањето на наградната игра, односно до 07.08.2019 година, на интернет страницата www.grand-eksport.com.mk.
Член 9
ПРАВО НА УЧЕВСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
9.1 Право на учевство во наградната игра имаат сите полнолетни граѓани на Република Северна Македонија, освен лицата вработени кај Организаторот на наградната игра, како и членовите на нивните потесни семејства.
Член 10
ЗАПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ СО ОФИЦИЈАЛНИТЕ ПРАВИЛА
10.1 Официјалните правила на наградната игра по добивањето на согласност од Министерство за финансии, пред започнувањето на наградната игра ќе бидат објавени на интернет страницата www.grand-eksport.com.mk.
10.2 Потрошувачите за наградната игра ќе бидат информирани и преку ТВ реклами кои ќе бидат емитувани на националните телевизии во Република Северна Македонија, како и преку постери и воблери на местата каде ќе се врши продажба на промотивните пакувања.
10.2 За подетални информации и прашања во врска со наградната игра, учесниците ќе можат да го контактираат Организаторот со повик на телефонскиот број +3892 774 231 (секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот), или на меил адресата www.office@grand-eksport.com.mk .
Член 11
НАГРАДЕН ФОНД
Наградниот фонд се состои од:
Тип на награда | Цена/Парче без ДДВ | Цена/Парче со ДДВ | Вкупно награди | Вкупно без ДДВ | Вкупно со ДДВ |
Пепси 500мл | 12,80 | 15,10 | 400.000 | 5.118.644,07 | 6.040.000,00 |
Вкупниот награден фонд со ДДВ = 6.040.000,00 денари.
Член 12
РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИГОВОР
12.1 Секој незадоволен учесник во наградната игра кој има приговор или рекламација во врска со организацијата на оваа наградна игра, има право писмено да поднесе приговор до Организаторот на наградната игра и за истото да добие писмено известување во рок од 8 дена до приемот на приговорот.
12.2 Приговорите и рекламациите се сметаат за благовремено поднесени, доколку се достават најдоцна 8 дена од утврдувањето на причината заради која се приговара, но не и подоцна од 8 дена по завршувањето на наградната игра.
12.3 Преземањето на било какви активности кои би можеле да пречат, да ја оневозможат, злоупотребат или да нанесат штета на Промотивните Чипси пакувања или на наградната игра се забранети. Доколку се процени или утврди дека некој од учесниците во наградната игра го злоупотребува Промотивното Чипси пакување, купонот или наградната игра Организаторот го задржува правото да го дискфалификува од наградната игра без понатамошни објаснувања како и да преземе соодветни правни постапки против тоа лице.
Член 13
РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЕВЕНТУАЛНИТЕ СПОРОВИ
13.1 Секое несогласување помеѓу Организаторот и учесниците во наградната игра ќе се решава спогодбено, а во случај на спор, за истиот ќе решава надлежен суд во Скопје.
Член 14
ОТКАЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
14.1 Наградната игра може да се откаже во случај на виша сила, како и во ситуација кога не постои можност од Организаторот да има независност во спроведувањето на наградната игра, но притоа да го извести надлежниот орган (Министерство за Финансии на Република Северна Македонија) и да добие негова согласност за откажување на истата. Во случај на откажување на наградната игра, Организаторот ќе ги информира потрошувачите за откажување на наградната игра, за причините поради кои се откажува наградната игра, како и за датумот на откажување со објавување на интернет страницата www.grand-eksport.com.mk.
Член 15
ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
15.1 При размената на купонот со Пепси од 500мл. носителот на купонот е должен да го пополни формуларот со своите податоци (име, презиме и адреса на живеење).
15.2 Со учевствово наградната игра, учесниците се согласни да ги дадат своите лични податоци (име и презиме, и адреса на живеење). При тоа, Организаторот ќе ги користи и обработува личните податоци на добитниците исклучиво за целите на наградната игра.
15.3 Податоците на добитниците ќе се пополнуваат на претходно изготвени формулари, на местото каде ќе се врши замена на купонот со Пепси од 500мл.
15.4 Добитниците на Пепси од 500мл. се согласуваат нивните податоци да бидат користени за потребите за објавување на добитниците.
15.5 Организаторот се обврзува дека личните податоци ќе ги користи исклучиво за потребите на наградната игра и дека со нив ќе постапува согласно со законските прописи.
15.6 Добитникот на наградата се согласува дека Организаторот, до отповикување од страна на добитникот, може да прибира, води, чува и обработува збирка собрани лични податоци на наградените и регистрираните корисници, за целите на оваа наградна игра.
15.7 Организаторот на наградната игра се обврзува дека нема да ги проследува личните податоци на трети лица, освен доколку тоа е потребно за изведување на наградната игра.
Член 16
16.1 Овие правила стапуваат на сила по нивно објавување на интернет страницата www.grand-eksport.com.mk.
Управител:
Горан Јордановски
Гранд – Експорт ДООЕЛ Скопје