Промоцијата трае од 03.02.2020. дo 31.03.2020.
Chipsy
SLANI 80g
Chipsy
REBRASTI 80g
Chipsy Chilii
Rebrasti 80g
Chipsy HOT
REBRASTI 80g
Chipsy Sticks
Ketchup 80g
Chipsy
SLANI 150g
Chipsy
REBRASTI 150g
Chipsy Chili
REBRASTI 150g
Chipsy Pikant paprika
REBRASTI 150g
Chipsy Domaćinski
Kajmak 180g
Chipsy Domaćinski
Sir 180g
Chipsy
SLANI 250g
Chipsy Chili
REBRASTI 250g
Chipsy Chili
REBRASTI 250g
Промоцијата трае од 03.02.2020. дo 31.03.2020.
Општи правила на промоција
„Секоја кесичка добива“
Член 1
1.1. Организаторот донесе одлука за организирање на промоција под називот „Секоја кесичка добива“, во соработка со Телеком, која ќе биде спроведена според следните напишани правила.
1.2. Назив на промоцијата „Секоја кесичка добива“.
1.3. Промоцијата почнува на 03ти февруари 2020 година во 00:00 ч. и завршува на 31ви март 2020 година во 23:59 ч.
1.4. Промоцијата важи за припејд корисниците на Телеком.
1.5. Промоцијата е ориганизирана со цел промовирање на производите на организаторот под називот CHIPSY и тоа:
Кои се обележани со банер лента, прикажана во продолжение.
1.6. Промоцијата се организира на територијата на Република Северна Македонија.
Опис и услови за учество
Член 2
2.1. Производите кои учествуваат во Промоцијата се наведени во Член 1.5. и во внатрешноста на паковањето има отпечатен код кој се состои од седум алфанумерички броеви.
2.2. Во текот на траење на Промоцијата, корисникот кој ќе купи производ од Член 1.5. од овие правила, има можност да активира 2 (два) гигабајти интернет (GB) на својот припејд претплатнички број на мрежата на Телеком.
2.3. За да ги активира своите 2 GB интернет, корисникот (корисник на мрежата на Телеком), потребно е да испрати СМС со кодот од член 2.1. од овие правила, и да испрати СМС порака на бројот 14788.
2.4. Откако корисникот ќе ја испрати СМС пораката со кодот на бројот 14788, тој веднаш ќе добие известување за интернет активација, како знак дека кодот е прифатен и дека своите 2 GB интернет може да ги искористи 48 часа од моментот на активација во домашната мрежа.
2.5. Праќањето СМС порака на бројот 14788 е бесплатно. Не е потребно корисникот (припејд корисник) да има кредит, бидејќи СМС пораката е бесплатна. Меѓутоа, потребно е корисникот да ги исполнува сите услови за активација на 2 GB интернет.
2.6. 2 GB интернет можат да ги користат само корисниците од Член 1.4. од овие правила и тоа во домашната мрежа.
2.7. Под домашна мрежа се подразбира сообраќај остварен во мрежата на Телеком на територијата на Македонија.
2.8. Корисникот има право да активира 2 GB интернет на основа 1 (еден) испратен Код од Член 2.1. од овие правила.
2.9. За секој код потребно е корисникот да испрати СМС порака на бројот 14788.
2.10. Корисникот има право да испрати неограничен број различни кодови од Член 2.1. во текот на времетраењето на Промоцијата.
2.11. По истекот на времетраењето на Промоцијата, нема да има можност за активација на 2 GB интернет на основа на испратен код од Член 2.1. од овие правила.
2.12. Корисникот нема да може да добие 2 GB интернет доколку веќе го испратил истиот кодот преку СМС порака на бројот 14788 и врз основа на тоа ги искористил или ги користи 2 GB интернет (искористен код).
2.13. Корисникот нема да може да активира 2 GB интернет доколку кодот е погрешно внесен во текстот на СМС пораката, односно не ги содржи истите ознаки кои се испишани според Член 1.5. од овие правила.
2.14. Кодот од Член 2.1. од овие правила не може да се замени со пари или било каква друга работа, производи или количина која не одговара на количината и видот на производ од овие правила.
Промоцијата трае од 03.02.2020. дo 31.03.2020.