Нашите вработени ги сметаме за највреден ресурс на компанијата. Тие претставуваат најважен дел од нашиот вредносен индекс. Сите придонесуваат за успехот на компанијата преку своите способности, перформанси и посветеност на работата. Тие се луѓе кои, без разлика на својата функција, се високо мотивирани за исполнување на своите одговорности на ефикасен, ефективен и проактивен начин. Луѓе со интегритет, подеднакво професионален и личен, кои ја почитуваат етичноста и општествената одговорност во деловното работење.
Затоа, ние им ја даваме нашата целосна поддршка од првиот работен ден во компанијата. Посветени сме на вложување во нивниот индивидуален професионален развој, секому да му дадеме еднакви шанси и врвни работни услови. Така компанијата има стабилен персонален состав, кој е професионално мотивиран и иновативен. Наша девиза е: Секој вработен ни е значаен и секој има шанса за докажување и успех.
Испратете ни го Вашето CV заедно со придружно писмо по електронски пат на:
office@grand-eksport.com.mk