Дистрибуција

Дистрибуцијата на широката палета на производи, Гранд – Експорт ја остварува и контролира преку три стратешки регионални дистрибутивни центри, од кои два се лоцирани во Скопје и еден во Битола.


Дистрибутивниот центар во Скопје (ДЦ1), лоциран на ул. Новопроектирана е оперативен од 2004 година и располага со складиштен простор од 1600м2 и административен простор од 200м2. Од овој дистрибутивен центар се остварува дистрибуцијата во северозападниот и централниот дел на земјата.


Дистрибутивниот центар во Битола (ДЦ2), е оперативен од 2007 година и располага со складиштен простор од 1300м2 и административен од 130м2 и од него се контролира дистрибуцијата низ населените места во Југозападна Македонија.


Дистрибутивниот центар во Скопје (ДЦ3), лоциран на ул. Првомајска, е најнов и функционира од 2009 година, а има капацитет на складиштен простор од 3000м2 и административен простор од 350м2. Овој центар е одговорен за дистрибуција на производите во Североисточна, Источна и Југоисточна Македонија.